Прескокни до содржината

Банкарски изводи и уплати

Банкарскиот извод ги евидентира приливите и одливите на една банкарска сметка за еден ден. Со него уплатите од купувачите се поврзуваат со нивните фактури, а исплатите кон добавувачите со нивните.

Менито е ФинансииБанкарски изводи.

1. Креирајте извод​

  1. Отворете ФинансииБанкарски изводи и кликнете Додади запис.
  2. Изберете ја Банкарска сметка, датумот и нумерирачката серија.
  3. Зачувајте.

Изводот може да се пополни и со увоз на датотеката од банката, наместо рачно.

Банкарски извод со уплати од купувачи

2. Додадете ги линиите​

Со Линии додадете ги уплатите. Секоја линија е една уплата или исплата:

ПолеШто се внесува
Тип на ентитет и ЕнтитетКој плаќа или на кого се плаќа, на пример Купувач и неговото име.
Должи / ПобаруваИзносот, само на едната страна. Уплатата од купувач е на Побарува.
ДознакаШифрата на дознаката од банката, на пример 200 за плаќање на стоки помеѓу правни субјекти.
Тип на документ и ДокументФактурата што се плаќа, на пример Продажна фактура и нејзиниот број.

Една уплата за повеќе фактури се дели со Распредели средства: од износот на линијата се одвојува дел за друга фактура.

3. Одобрете и процесирајте​

Со Следен статус изберете Одобрен, а потоа со Следен прогрес изберете Процесирај. Изводот преминува во Затворен.

Каде се гледа уплатата​

На самата фактура, во делот Плаќање, Статус на плаќање покажува дали е Платено или Делумно платено, а Преостанато за плаќање колку уште треба да се плати. Сите поврзани уплати се во табот Уплати.

Делумно платена продажна фактура