Сите набавни документи – понуди, договори, нарачки, приемници, фактури, одобренија, повратници, сметкопотврди, авансни фактури и задолженија – имаат иста листа и иста форма. Оваа страница ги опишува заедничките делови; она што е посебно за еден документ е на неговата страница.
Акциите со повеќе документи важат за документите штиклирани во првата колона.
Копче
Што прави
Промени
Промени статус и Промени прогрес на избраните документи одеднаш.
Акции
Испрати на Е-Пошта на избраните документи и нивно сторнирање. На приемниците е и Групно фактурирај.
Експорт
Експорт Excel на листата, Преглед PDF и Експорт PDF на избраните документи, Експорт PDF без е-пошта. На фактурите и задолженијата е и Експорт банкарски налог.
Изглед
Зачувај изглед го зачувува тековниот изглед на табелата; Ресетирај изглед го враќа основниот.
Освежи
Повторно ги вчитува податоците.
Избриши групно
Ги брише избраните документи во изработка.
Избери колони
Прикажува или крие колони.
Пребарај
Пребарување во сите колони.
Под заглавијата на колоните се филтрите по колона, а на дното бројот на записи, збирот на износите и страниците.
Заглавието – Документ, Податоци за добавувач, Плаќање, Надворешен документ, Поврзувања, Дополнителни податоци, Статус – и Ставки.
Прием
Адресата и контактот на добавувачот, и податоците за приемот: Датум на прием, Метод на испорака, Агент за испорака, Начин на транспорт, Сериски број за следење и Начин на испорака.
Градежништво
Поврзување на документот со градежен објект од модулот Градежништво.
Датотеки
Прилози: скенирана фактура, испратница, договор. Се додаваат со избор или со влечење на датотеката.
Поврзувања
Целиот синџир документи поврзани со овој: од кој е направен и што е направено од него, со статусите.
Исплати / Уплати
Плаќањата поврзани со документот, со начинот на плаќање и износот. На одобренијата и повратните нарачки се Уплати – парите што ги враќа добавувачот.
Трансакции
Линиите од банкарските изводи со кои е платен документот.
Активности
Секоја промена на документот и ставките: кога, кој, старата и новата вредност.
На договорите има и Делови на следење, Книга на договор и Добавувачи: Набавен договор.
Во делот Статус, Следен статус го менува статусот (одобрување, затворање, откажување), а Следен прогрес ја извршува следната акција (направи приемница, процесирај фактура…). Иконата до нив ја отвора историјата на статуси и прогреси.