Прескокни до содржината

Набавна нарачка

Набавната нарачка е она што го нарачувате од добавувачот, по кои цени и количини. Од неа се прават приемниците и фактурите. Менито е НабавкаНабавни нарачки.

Листа на набавни нарачки

Како се прави​

  • Директно: отворете НабавкаНабавни нарачки, кликнете Додади запис, изберете го добавувачот – адресата, условите за плаќање и валутата се пополнуваат од неговата картичка – внесете го Надворешен документ (на пример од понудата или потврдата на добавувачот) и Ставки: Внес на ставки. Зачувајте.
  • Од набавна понуда со Направи нарачка, или од набавен договор со Направи нарачка.
  • Од работниот лист за набавка со Креирај документи.
Набавна нарачка во изработка

Форма​

На табот Прием, Начин на испорака одредува дали нарачката се прима и фактурира одеднаш (Целосно) или во делови (Парцијално): Делумен прием и фактурирање. Другите табови се како кај сите набавни документи: Листа и форма на документ.

Статуси​

СтатусЗначење
Во изработка, Во процедура, Се чека одобрувањеСе подготвува и одобрува.
ОдобренаМоже да се прима и фактурира. Нарачката мора да има ставки.
Парцијално процесиранаНешто уште не е примено или фактурирано.
Целосно процесиранаСè е примено и фактурирано, или е рачно затворена. Се заклучува.
Откажана, ИстеченаНема да се реализира. Се заклучува.
СторниранаСторнирана.

Следен статус и Следен прогрес​

Со Следен статус нарачката се одобрува, рачно затвора како Целосно процесирана (кога добавувачот нема да го донесе остатокот), откажува или означува како истечена. Од одобрената нарачка, со Следен прогрес:

АкцијаШто прави
Направи приемницаПриемница што веднаш ја прима стоката: Приемница.
Направи приемница(Чекај за прием)Приемница во Чека за прием; стоката се прима подоцна.
Направи фактураНабавна фактура, процесирана: Набавна фактура.
Направи приемница + Направи фактураПрием и фактура во еден чекор.
Направи приемница(Чекај за прием) + Направи фактураФактурата е процесирана, стоката сè уште не е примена.
Направи сметкопотврдаСметкопотврда – набавка платена веднаш: Сметкопотврда.

Прозорецот за потврда​

Пред акцијата да се изврши, се отвора прозорецот Потврди со заглавието на секој документ што ќе се направи, по еден таб, на пример Приемница и Набавна фактура. Во него се избира нумерирачката серија и датумот, а делот Надворешен документ е празен: внесете Број, Датум и Износ од испратницата или фактурата на добавувачот. Копирај од изворниот документ ги презема податоците од нарачката.

Прозорец за потврда со приемница и набавна фактура

Акции и Финансии​

АкцијаШто прави
Набавна авансна фактураКога на одобрената нарачка има платен аванс: авансна фактура за него. Набавна авансна фактура
ДепозитДел од нарачката се плаќа однапред со сметкопотврда. Нарачка со депозит потоа се завршува со сметкопотврда. Сметкопотврда
Синхронизирај количина на ставкиГи менува количините на ставките од Excel датотека. Примерокот е Експорт во Excel (Скратени ставки) на истата нарачка.
Пренос до локација, Пренос од локацијаПреносница со избраните ставки: Корекции, враќање и пренос.
Генерирај продажен документПродажна нарачка за купувач со истите ставки.
КлонирајНова нарачка во изработка со истите ставки.

Финансии: Исплати (аванси платени за нарачката) и Книга на коминтенти.