Набавна авансна фактура
Авансната фактура е фактурата што добавувачот ја издава за аванс – пари платени пред испораката. Типично: на нарачката е платено однапред, а стоката не може да се испорача, па од нарачката се прави авансна фактура за платеното. Менито е .

Како се прави
Од нарачка со платен аванс
- Набавната нарачка е Одобрена.
- Авансот се плаќа на банкарскиот извод, со линија за добавувачот чиј Тип на документ е Набавна нарачка, а Документ е таа нарачка: Плаќање на добавувачи.
- На нарачката, Акции > Набавна авансна фактура. Изберете нумерирачка серија и потврдете.
Апликацијата прави авансна фактура со ставките од нарачката, ја процесира и ја затвора, и авансот платен за нарачката го пренесува на неа. Таа станува Делумно платено за износот на авансот. Акцијата е достапна само кога на одобрената нарачка има платен аванс што уште не е искористен.
Директно
Со Додади запис, се одобрува и со Следен прогрес се избира Процесирај.
Статуси
| Статус | Значење |
|---|---|
| Во изработка, Во процедура, Се чека одобрување, Одобрена | Директна авансна фактура пред процесирање. |
| Затворена | Процесирана. |
| Книжена | Книжена во главната книга. |
| Откажана, Сторнирана | Не важи. |
Акции и Финансии
- Акции: Набавна фактура – конечната фактура од авансната, кога е затворена, на неа има платен износ што уште не е искористен и не е направена од нарачка; Пренос до локација, Пренос од локација, Клонирај и Сторнирање на набавна авансна фактура.
- Финансии: Исплати и книгите – на коминтенти, ДДВ, материјални ставки, услуги, ваучери, депозити и виртуелни ставки.