Набавна понуда
Набавната понуда е понудата што ја добивате од добавувачот: цени и количини пред да нарачате. Од неа се прави нарачка или договор. Менито е .

Како се прави
Со Додади запис: добавувач, Надворешен документ (бројот, датумот и износот на понудата на добавувачот) и Ставки: Внес на ставки. Листата, формата и табовите се како кај сите набавни документи: Листа и форма на документ.
Статуси
| Статус | Значење |
|---|---|
| Во изработка | Се внесува. |
| Во процедура, Се чека одобрување | Чека одобрување, ако одобрувањето оди по чекори. |
| Одобрена | Прифатена; од неа се прави нарачка или договор. |
| Затворена нарачана | Направена е нарачка. |
| Затворена договорена | Направен е договор. |
| Затворена анекс на договор | Ставките се додадени на постоечки договор. |
| Откажана, Истечена | Нема да се прифати. Понудата се заклучува. |
Следен статус и Следен прогрес
Со Следен статус понудата се одобрува, откажува или се означува како истечена. Од одобрената понуда, со Следен прогрес:
| Акција | Што прави |
|---|---|
| Направи нарачка | Набавна нарачка со ставките од понудата, во изработка: Набавна нарачка. |
| Направи договор | Набавен договор со ставките и вредноста на понудата: Набавен договор. |
| Направи анекс на договор | Ставките од понудата се додаваат на постоечки договор. Договорот мора да е со истиот добавувач. |
Акции и Финансии
- Акции: Пренос до локација, Пренос од локација, Генерирај продажен документ (продажна понуда за купувач со истите ставки), Клонирај: Корекции, враќање и пренос, Внес на ставки.
- Финансии: Исплати и Книга на коминтенти – плаќање однапред на понудата.