Прескокни до содржината

Приемница

Приемницата ја документира стоката што влегува во магацинот од добавувачот. Таа ја зголемува залихата; обврската кон добавувачот ја прави фактурата. Менито е НабавкаПриемници.

Приемница што чека за прием

Како се прави​

Форма​

Додека приемницата чека, на ставките може да се внесат лот, сериски број или бин, пред стоката да влезе во залихата. Со вклучен WMS, над ставките се Предложи бинови, Во бинот за прием и Распореди, и Печати етикети. Табовите: Листа и форма на документ.

Статуси​

СтатусЗначење
Во изработка, ОдобренаДиректна приемница пред прием.
Чека за приемПодготвена, стоката сè уште не е примена.
ПрименаСтоката е примена, фактурата сè уште не е внесена.
Чека за прием(Процесирана фактура)Фактурата е процесирана, стоката сè уште не е примена.
ЗатворенаПримена и фактурирана. Се заклучува.
Откажана, СторниранаНе важи.

Следен статус и Следен прогрес​

АкцијаШто прави
ПримиСтоката влегува во магацинот.
Чекај за приемПриемницата чека; стоката се прима подоцна.
Направи фактураНабавна фактура за примената стока, процесирана.
Прими + Направи фактураПрием и фактура во еден чекор.
Чекај за прием + Направи фактураФактурата е процесирана, стоката чека.

Фактура не може да се направи од приемница што сè уште чека – апликацијата пријавува прво да се процесира материјалниот документ. Повеќе приемници се фактурираат одеднаш со Групно фактурирај од листата: Побрз внес на фактури.

Акции и Финансии​

  • Акции: Пренос до локација, Пренос од локација – на пример примената стока да оди во продавница: Корекции, враќање и пренос; Генерирај продажен документ (испратница), Клонирај, сторнирање.
  • Финансии: Книга на материјални ставки.