Набавна повратна нарачка
Повратната нарачка е враќање што најпрвин се договара со добавувачот, на пример по рекламација: што и колку се враќа. Од неа се прават набавната повратница (стоката заминува) и одобрението од добавувачот. Менито е .
За враќање без договор однапред, побрзо е директно од фактурата: Корекции, враќање и пренос.

Како се прави
Со Додади запис, како нарачка: добавувач, Надворешен документ, Ставки со количините за враќање.
На повратен документ внесен рачно, а не направен од фактура или приемница, над формата стои „Документот од тип сторно е рачно направен, не е генериран од документ!“ – тој не е поврзан со набавката од која стоката потекнува.
Форма
Табот Уплати ги покажува парите што добавувачот ги враќа за повратната нарачка. Како и нарачката, може да се врати и одобри во делови (Начин на испорака Парцијално): Делумен прием и фактурирање. Другите табови: Листа и форма на документ.
Статуси
| Статус | Значење |
|---|---|
| Во изработка, Во процедура, Се чека одобрување | Се подготвува и одобрува. |
| Одобрена | Може да се врати стоката и да се направи одобрение. |
| Парцијално процесирана | Дел е вратен или одобрен. |
| Целосно процесирана | Сè е вратено и одобрено. |
| Откажана, Истечена, Сторнирана | Нема да се реализира, или сторнирана. |
Следен статус и Следен прогрес
Од одобрената повратна нарачка, со Следен прогрес:
| Акција | Што прави |
|---|---|
| Направи повратница | Набавна повратница што веднаш ја испраќа стоката: Набавна повратница. |
| Направи повратница(Чекај за испорака) | Повратница во Чека за испорака; стоката заминува подоцна. |
| Направо одобрение | Одобрение од добавувач, процесирано: Одобрение од добавувач. |
| Направи повратница + Направи одобрение | Повратница и одобрение во еден чекор. |
| Направи повратница(Чекај за испорака) + Направи одобрение | Одобрението е процесирано, стоката сè уште не заминала. |
| Направи сторна сметкопотврда | Враќање на стока купена со сметкопотврда: Сторна сметкопотврда. |
Акции и Финансии
- Акции: Пренос до локација, Пренос од локација, Клонирај и Сторнирање на набавна повратна нарачка.
- Финансии: Уплати и Книга на коминтенти.