Прескокни до содржината

Набавка – преглед

Набавниот процес ги води документите од нарачката кон добавувачот, преку приемот на стоката во магацинот, до фактурата од добавувачот и нејзиното плаќање. Сите набавни документи се во менито Набавка.

Тек на документите​

  1. Набавна нарачка – што нарачувате од добавувачот, по кои цени и количини.
  2. Приемница – стоката влегува во магацинот.
  3. Набавна фактура – обврската кон добавувачот. Се прави од нарачката, од приемницата или директно.
  4. Плаќање – исплатата кон добавувачот се евидентира на банкарскиот извод и се поврзува со фактурата.

Секој чекор може да се прескокне: на пример, фактура со приемница може да се внесе директно, без нарачка. Секој документ што е направен од друг ја чува врската кон него, па низ целиот тек може да се движите од документ до документ.

Листа на набавни нарачки

Податоци од документот на добавувачот​

Секој набавен документ го носи бројот, датумот и износот од документот на добавувачот, во делот Надворешен документ: Број, Датум и Износ. Без нив документот не може да се процесира, а апликацијата пријавува дека недостасуваат надворешни податоци за набавниот документ.

  • Износот е износот што го должите според документот на добавувачот. Тој не смее да се разликува од вкупниот износ на документот за повеќе од 1%.
  • Истата фактура од добавувач не може да се процесира двапати: ако добавувачот веќе има процесирана набавна фактура со ист надворешен број во истата година, процесирањето е одбиено. Проверката може да се исклучи во поставките на компанијата.

Статуси​

Нарачката минува низ одобрување: Во изработка → (Во процедура / Се чека одобрување) → Одобрена. Од одобрената нарачка се прават приемниците и фактурите.

ДокументСтатуси по одобрувањето
Набавна нарачкаПарцијално процесирана, Целосно процесирана (сè е примено и фактурирано), Откажана, Истечена, Сторнирана
ПриемницаЧека за прием, Примена (стоката е примена, сè уште нема фактура), Чека за прием(Процесирана фактура), Затворена (примена и фактурирана), Сторнирана
Набавна фактураПроцесирана (сè уште нема приемница), Процесирана(Чека за прием), Затворена (процесирана и примена), Книжена, Сторнирана

Документите со Тип на калкулација Девизна калкулација (увоз) минуваат и низ Чека за калкулација. Тие ќе бидат опишани на посебна страница.

Други набавни документи​

Во истото мени се и набавните понуди и договори, повратните нарачки, одобренијата, набавните повратници, сметкопотврдите, авансните фактури, задолженијата и работниот лист за набавка. Тие ќе бидат опишани во посебни страници.

Понатаму​