Прескокни до содржината

Приемници и фактури

Приемница​

Приемницата ја документира стоката што влегува во магацинот од добавувачот. Најчесто се прави од нарачка, но може да се направи и од фактура. Списокот е во НабавкаПриемници.

СтатусЗначење
Чека за приемПриемницата е подготвена, стоката сè уште не е примена.
ПрименаСтоката е примена, фактурата сè уште не е внесена.
Чека за прием(Процесирана фактура)Фактурата е процесирана, стоката сè уште не е примена.
ЗатворенаСтоката е примена и фактурирана. Приемницата е заклучена.
Приемница што чека за прием

Прием​

Кога приемницата е Чека за прием, со Следен прогрес изберете:

  • Прими – стоката влегува во магацинот.
  • Прими + Направи фактура – прием и фактура во еден чекор.

Кога стоката е Примена, фактурата се прави со Направи фактура. Фактура не може да се направи од приемница што сè уште чека, а апликацијата пријавува прво да се процесира материјалниот документ.

Додека приемницата чека, на ставките може да се внесат лот, сериски број или бин, пред стоката да влезе во залихата.

Набавна фактура​

Набавната фактура е обврската кон добавувачот. Може да се направи од нарачка, од приемница или директно, од НабавкаНабавни фактури. На неа се внесуваат бројот, датумот и износот од фактурата на добавувачот: Податоци од документот на добавувачот.

Набавна фактура со податоците од фактурата на добавувачот

Процесирање​

Фактура направена од нарачка или приемница се процесира веднаш. Директната фактура најпрвин се одобрува, а потоа со Следен прогрес изберете:

  • Процесирај фактура – фактурата влегува во салдото на добавувачот.
  • Процесирај фактура + Направи приемница – и стоката се прима, во еден чекор.
  • Процесирај фактура + Направи приемница(Чекај за прием) – фактурата е процесирана, стоката чека да биде примена.