Корекции, враќање и пренос
Процесираната фактура не се менува, но од неа, во менито Акции, се прават следните документи. Корекцијата на цена, враќањето и преносот работат на избраните ставки: прво штиклирајте ги ставките во табелата Ставки, а потоа изберете ја акцијата. Без избрани ставки апликацијата одговара дека селекцијата е празна.
Корекција на цена
Кога добавувачот дополнително одобрува попуст, а стоката останува кај вас.
- Изберете ги ставките и Акции > Корекција на цена.
- Со Корекција по изберете како се внесува: Нова цена, Износ или Процент. Со % за сите ставки еден процент важи за сите избрани ставки.
- Во Надворешен документ внесете ги бројот, датумот и износот од одобрението на добавувачот.
- Проверете го Износ за одобрување по ставки и потврдете.

Враќање стока на добавувачот
Кога стоката е оштетена или погрешна:
- Одобрение од добавувач – само одобрението, без движење на стоката;
- Одобрение од добавувач + Набавна повратница – одобрение и повратница со која стоката излегува од магацинот.
- Изберете ги ставките и акцијата.
- На табот Одобрение од добавувач внесете го Надворешен документ од одобрението на добавувачот.
- Во Ставки, во Количина за вракање, внесете колку се враќа.
- Зачувај.

Пренос на примената стока
Од набавна фактура или приемница, со Акции:
- Пренос од локација – стоката оди од локацијата на документот на друга локација, на пример од магацинот во продавница;
- Пренос до локација – стоката доаѓа на локацијата на документот од друга локација.
Се отвора Преносница со избраните ставки. Изберете ја другата локација, по потреба поправете ја Количина за пренос и зачувајте. Преносницата понатаму се процесира како секоја друга: Преносници.

Препродажба
Генерирај продажен документ прави продажен документ од набавниот: од нарачка продажна нарачка, од приемница испратница, од фактура продажна фактура. Изберете купувач, неговата локација и нумерирачка серија и потврдете. Ставките се пренесуваат од набавниот документ.
