Прескокни до содржината

Делумен прием и фактурирање

Добавувачот често не ја носи целата нарачка одеднаш. Тогаш нарачката се прима и фактурира во делови, а остатокот останува отворен на нарачката.

Начин на испорака​

На табот Прием на нарачката, Начин на испорака одредува како се процесира:

Начин на испоракаШто значи
ЦелосноПри одобрувањето целата количина се подготвува за прием и фактурирање. Количините на ставките не може да се менуваат.
ПарцијалноПо одобрувањето на секоја ставка се внесува колку се прима и колку се фактурира.
Табот Прием со начин на испорака Парцијално

Внесете ја испорачаната количина​

Кога нарачката е Одобрена или Парцијално процесирана, на секоја ставка се уредуваат:

  • Количина за испорака – колку се прима сега;
  • Количина за фактурирање – колку се фактурира сега.

Копчињата над ставките ги пополнуваат за сите ставки одеднаш:

КопчеШто прави
Испорачај го преостанатотоКоличина за испорака = сè што уште не е примено.
Фактурирај го испорачаното и она за испоракаКоличина за фактурирање = примено плус она што се прима сега, минус веќе фактурираното.
Исчисти количини за испорака и фактурирањеГи враќа двете количини на 0.

Количина поголема од она што уште е отворено се одбива.

Делумно процесирана нарачка со количини за испорака и фактурирање

Потоа, со Следен прогрес, изберете ја акцијата, на пример Направи приемница + Направи фактура. Приемницата и фактурата се прават само за внесените количини. Во прозорецот за потврда, во делот Надворешен документ, внесете ги податоците од испратницата и фактурата на добавувачот за тој дел: Прозорецот за потврда.