Прескокни до содржината

Корекција и сторно

Процесиран набавен документ не се брише, туку се сторнира. Сторнираниот документ останува како запис во статус Сторнирана, а неговото дејство врз залихата и салдото на добавувачот се поништува.

Сторно на документ​

  1. Отворете го документот и кликнете Сторнирај.
  2. Пред потврдата апликацијата ги прикажува сите документи што ќе бидат сторнирани. Документите направени од избраниот се сторнираат заедно со него. На пример, ако сторнирате приемница, се сторнира и фактурата направена од неа.
  3. Изберете начин: Означи како сторнирано, Врати во изработка или Избриши.
  4. Потврдете.

Изборот важи само за документот што го сторнирате. Сите други документи во синџирот секогаш се означуваат како сторнирани, за да остане трага. Затоа Избриши е можно само кога не е опфатен ниту еден друг документ.

Документ направен од нарачка не може да се врати во изработка. Сторнирајте го, а потоа направете го повторно од нарачката.

Сторнираните количини се враќаат на документот од кој се направени, на пример на нарачката, и можат повторно да се примат или фактурираат.

Кога сторното е блокирано​

Апликацијата одбива сторно и кажува зошто, кога:

  • стоката од приемницата веќе е искористена, на пример продадена со испратница – прво сторнирајте го документот што ја искористил;
  • залихата од приемницата веќе е фактурирана на фактура што не е опфатена со сторното – прво сторнирајте ја таа фактура;
  • фактурата е поврзана со линија на банкарски извод – прво коригирајте ја таа линија или сторнирајте го изводот;
  • документот е испратен во е-Фактура и не е откажан таму;
  • документот е веќе сторниран;
  • документот е Во изработка или Одобрена – тој сè уште ништо не книжел, па се откажува, а не се сторнира;
  • документот е Книжена – прво се сторнира налогот за книжење во главната книга.

Сторно е можно и пред документот да се затвори: приемница што Чека за прием или е Примена без фактура, и фактура што е Процесирана или Процесирана(Чека за прием). Така не останува заглавена приемница или испратница.