Прескокни до содржината

Плаќање на добавувачи

Исплатите кон добавувачите се евидентираат на банкарскиот извод, како и уплатите од купувачите, и се поврзуваат со набавните фактури. Изводот се креира, одобрува и процесира како што е опишано во Банкарски изводи и уплати.

Линија за исплата​

На изводот, со Линии додадете ја исплатата:

ПолеШто се внесува
Тип на ентитет и ЕнтитетДобавувач и неговото име.
ДолжиИсплатениот износ. Исплатата кон добавувач е на Должи.
ДознакаШифрата на дознаката од банката, на пример 200 за плаќање на стоки помеѓу правни субјекти.
Тип на документ и ДокументНабавна фактура и нејзиниот број.
Банкарски извод со исплати кон добавувачи

Потоа изводот се одобрува и процесира.

Каде се гледа исплатата​

На набавната фактура, во делот Плаќање, Статус на плаќање покажува дали е Платено или Делумно платено, а Преостанато за плаќање колку уште треба да се плати. Преостанатата сума се пресметува од Износ во делот Надворешен документ, односно од износот на фактурата на добавувачот. Сите поврзани исплати се во табот Исплати.

Делумно платена набавна фактура

Салдото по добавувачи се гледа во НабавкаИзвештаиСпецификација на добавувачи.