Прескокни до содржината

Продажба – преглед

Продажниот процес ги води документите од првата понуда до купувачот, до испораката на стоката и фактурата. Сите продажни документи се во менито Продажба.

Тек на документите​

  1. Продажна понуда – цени и количини што му ги нудите на купувачот.
  2. Продажна нарачка – договорената продажба. Се прави од прифатена понуда или директно.
  3. Испратница – стоката излегува од магацинот.
  4. Продажна фактура – побарувањето од купувачот. Се прави од нарачката, од испратницата или директно.

Секој чекор може да се прескокне: на пример, фактура со испратница може да се направи директно, без понуда и нарачка. Секој документ што е направен од друг ја чува врската кон него, па низ целиот тек може да се движите од документ до документ.

Листа на продажни нарачки

Плаќање​

Уплатите од купувачите се евидентираат на банкарскиот извод и се поврзуваат со фактурите: Банкарски изводи и уплати.

Статуси​

Понуда и нарачка минуваат низ одобрување: Во изработка → (Во процедура / Се чека одобрување) → Одобрена. Од одобрената понуда или нарачка се прават следните документи.

ДокументСтатуси по одобрувањето
Продажна понудаЗатворена нарачана (направена е нарачка), Затворена договорена (направен е договор), Откажана, Истечена
Продажна нарачкаПарцијално процесирана, Целосно процесирана (сè е испорачано и фактурирано), Откажана, Истечена, Сторнирана
ИспратницаЧека за испорака, Испорачана (стоката е испорачана, сè уште нема фактура), Затворена (испорачана и фактурирана), Сторнирана
Продажна фактураПроцесирана(Чека за испорака), Затворена (процесирана и испорачана), Книжена, Сторнирана

Други продажни документи​

Во истото мени се и потенцијалните продажби, продажните договори, авансните фактури, одобренијата, повратните нарачки и задолженијата. Тие ќе бидат опишани во посебни страници.

Понатаму​