Прескокни до содржината

Корекција и сторно

Процесиран продажен документ не се брише, туку се сторнира. Сторнираниот документ останува како запис во статус Сторнирана, а неговото дејство врз залихата и салдото на купувачот се поништува.

Сторно на документ​

  1. Отворете го документот и кликнете Сторнирај.
  2. Пред потврдата апликацијата ги прикажува сите документи што ќе бидат сторнирани. Документите направени од избраниот се сторнираат заедно со него. На пример, ако сторнирате испратница, се сторнира и фактурата направена од неа.
  3. Изберете начин: Означи како сторнирано, Врати во изработка или Избриши.
  4. Потврдете.

Изборот важи само за документот што го сторнирате. Сите други документи во синџирот секогаш се означуваат како сторнирани, за да остане трага. Затоа Избриши е можно само кога не е опфатен ниту еден друг документ.

Документ направен од нарачка не може да се врати во изработка. Сторнирајте го, а потоа направете го повторно од нарачката.

Сторнираните количини се враќаат на документот од кој се направени, на пример на нарачката, и можат повторно да се испорачаат или фактурираат.

Кога сторното е блокирано​

Апликацијата одбива сторно и кажува зошто, кога документот:

  • е испратен во е-Фактура и не е откажан таму – прво откажете го во е-Фактура;
  • има распределено плаќање – прво распределбата треба да се пренесе или поништи;
  • е фискално отпечатен, или е вклучен во затворен дневен финансиски извештај;
  • е веќе сторниран, или сè уште не е затворен или целосно процесиран.