Прескокни до содржината

Испратници и фактури

Испратница​

Испратницата ја документира стоката што излегува од магацинот кон купувачот. Најчесто се прави од нарачка, но може да се направи и од фактура. Списокот е во ПродажбаИспратници.

СтатусЗначење
Чека за испоракаИспратницата е подготвена, стоката сè уште е во магацинот.
ИспорачанаСтоката е испорачана, фактурата сè уште не е направена.
ЗатворенаСтоката е испорачана и фактурирана. Испратницата е заклучена.

Испорака​

Кога испратницата е Чека за испорака, со Следен прогрес изберете:

  • Испорачај – стоката излегува од магацинот.
  • Испорачај + Направи фактура – испорака и фактура во еден чекор.
  • Направи фактура – фактура за веќе испорачана испратница.

Продажна фактура​

Фактурата е побарувањето од купувачот. Може да се направи од нарачка, од испратница или директно, од ПродажбаПродажни фактури.

Листа на продажни фактури

Процесирање​

Фактура направена од нарачка или испратница се процесира веднаш. Директната фактура најпрвин се одобрува, а потоа со Следен прогрес изберете:

  • Процесирај фактура – фактурата влегува во салдото на купувачот.
  • Процесирај фактура + Направи испратница – и стоката се испорачува, во еден чекор.
  • Процесирај фактура + Направи испратница(Чекај за испорака) – фактурата е процесирана, стоката чека да тргне.

При процесирање на директна фактура повторно се проверува кредитниот лимит на купувачот. Фактура направена од нарачка или испратница не се проверува, бидејќи лимитот е проверен кога е одобрена нарачката.