Прескокни до содржината

Преносници – преглед

Со преносница ја планирате и евидентирате преселбата на стока од една во друга сопствена локација, на пример од централен магацин во продавница.

Менито е МагацинПреносПреносници.

Документи во процесот​

Преносот се состои од три документи:

  1. Преносница – планот: од која локација, до која локација и кои производи и количини.
  2. Пренос испратница – стоката излегува од почетната локација (Од локација).
  3. Пренос приемница – стоката влегува во дестинациската локација (До локација).

Испратниците и приемниците се прават од преносницата. Една преносница може да има повеќе испратници и приемници ако стоката се пренесува во делови. Двата списока се во менито под МагацинПреносПренос испратници и МагацинПреносПренос приемници.

Листа на преносници

Директен пренос и пренос во два чекора​

Директен трансферПренос во два чекора
Кога се користиЛокациите се блиску, стоката стигнува веднашСтоката патува (камион, друг град) и приемот е подоцна
Каде е стоката помеѓу испорака и приемНема „помеѓу“Во транзитната локација
ПоставкаДиректен трансфер е вклучен (стандардно)Директен трансфер е исклучен и е избрана Транзитна локација

Повеќе за преносот во два чекора: Пренос преку транзитна локација.

Статуси на преносницата​

СтатусЗначење
Во изработкаПреносницата се подготвува и може слободно да се менува.
Во процедура / Се чека одобрувањеОпционални чекори пред одобрување.
ОдобренаПланот е потврден. Од тука се прават испратници и приемници.
Парцијално процесиранаДел од количините е испорачан или примен.
Целосно процесиранаСè е испорачано и примено (или преносницата е рачно затворена). Документот се заклучува.
КниженаПрокнижена во главната книга преку налог за книжење.
Откажана / ИстеченаПланот нема да се изврши.
СторниранДејството е поништено. Видете Корекција и сторно.

Испратниците и приемниците имаат свои статуси: Чека за испорака / Чека за прием, Затворена и Сторниран.

Посебни видови преноси​

Истиот документ се користи и за консигнација (пополнување и подигнување кај купувач, прием и враќање кај добавувач). Тие се опишани во делот за консигнација. Некои консигнациски преноси ги прави само системот, заедно со продажниот или набавниот документ, и не можат рачно да се креираат, клонираат или сторнираат.

Извештаи​

  • МагацинИзвештаиПреноси во транзит – стока која е испорачана, а сè уште не е примена кај пренос во два чекора, со бројот на денови во транзит.
  • МагацинИзвештаиИсторија на преноси – сите извршени преноси.

Понатаму​