Корекција и сторно
Испорачана или примена стока не се брише, туку се сторнира. Сторнираниот документ останува како историски запис во статус Сторниран, а движењето на залихата се поништува.
Што може да се сторнира
| Документ | Кога | Начин |
|---|---|---|
| Преносница | Во статус Парцијално процесирана или Целосно процесирана | Означи како сторнирано, Врати во изработка или Избриши |
| Пренос испратница | Во статус Чека за испорака или Затворена | Само Означи како сторнирано |
| Пренос приемница | Во статус Чека за прием или Затворена | Само Означи како сторнирано |
Сторно на цела преносница
- Отворете ја преносницата и кликнете Сторнирај.
- Изберете начин:
- Означи како сторнирано – преносницата останува заклучена со статус Сторниран.
- Врати во изработка – преносницата се враќа во Во изработка за да ја поправите и повторно процесирате.
- Избриши – преносницата се брише.
- Потврдете.
Сите нејзини испратници и приемници кои не се сторнирани автоматски се означуваат како сторнирани, прво приемниците, па испратниците. Ова важи за секој од трите начини. Тие секогаш остануваат зачувани како историски запис.
Сторно на една испратница или приемница
Користете го ова кога само еден дел е погрешен, на пример погрешна количина на една испорака.
- Сторнираната количина се враќа на линиите на преносницата. Може повторно да се испорача или прими.
- Испратница не може да се сторнира додека постои активна приемница направена од неа. Прво сторнирајте ја приемницата.
Ако преносницата е Книжена, поединечна испратница или приемница не може да се сторнира. Книжењето во главната книга веќе ги вклучува нивните количини, па сторно само на залихата би ја расклопило главната книга од материјалното книговодство. Сторнирајте ја целата преносница.
Повеќе преносници може да се сторнираат одеднаш, со групна акција од листата.