Прескокни до содржината

Пренос преку транзитна локација

Кога стоката патува подолго, на пример до продавница во друг град, испораката и приемот се случуваат во различни денови. Кај пренос во два чекора стоката во тој период е во транзитна локација. Така залихата секогаш покажува каде е стоката: во почетната локација, на пат или во дестинациската локација.

Правила за транзитната локација​

  • Не води бинови.
  • Не може да биде Од локација или До локација на преносница, ниту локација на друг документ. Стоката влегува и излегува од неа само преку испорака и прием.
  • Откако ќе се искористи, нејзиниот тип повеќе не може да се смени.
  • Не се прикажува во извозот на залиха и не се зема предвид при планирање на набавки.

Чекори​

  1. Креирајте преносница како обично (Креирање и процесирање).
  2. Исклучете Директен трансфер и изберете Транзитна локација.
  3. Одобрете ја преносницата и направете испратница. Стоката излегува од Од локација и влегува во транзит.
  4. Кога стоката ќе пристигне, направете приемница. Стоката излегува од транзит и влегува во До локација.
Директен трансфер исклучен и избрана транзитна локација
Изборот е заклучен по првата испорака

Додека преносницата има испратница која не е сторнирана, Директен трансфер и Транзитна локација не може да се менуваат.

Следење на стоката на пат​

МагацинИзвештаиПреноси во транзит ги покажува сите испорачани, а непримени количини, по преносница и испратница. Прикажани се почетната, транзитната и дестинациската локација, производот, количината, деновите во транзит и приемницата што чека, ако постои.

Преносница со стока во транзит не може рачно да се затвори. Стоката прво мора да се прими, или испратницата да се сторнира.